Top Sport

Солскјер: Правиме реконструкција, навивачи бидете трпеливи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер побарал трпение од навивачите, смета дека во годините што доаѓаат тимот ќе бележи успеси.

„Црвените ѓаволи“ во моментов се седми во Премиер лигата, бележат променливи резултати, поради што навивачите негодуваат. Радикланите присталици на клубот пред неколку дена го нападнаа домот на Ед Вудворд. Незадоволни се од трансфер-политиката што овој човек ја води изминатите години.

„Често говорам – ова е реконструкција. Моравме да ја урнеме куќата до темел, да ги тргнеме фудбалерите што не се 100 отсто фокусирани на Јунајтед. Сега имаме играчи што ќе вложат дополнителни напори на теренот. Треба да имаме трпение. Ова е сосема различен тим од оние шампионските што ги имаше Фергусон. Но, тоа може да се смени за неколку години“, рекол Солскјер.

Во премиер лигата следува пауза од две недели. Следниот нареден меч Јунајтед ќе го одиграат против Челси на 17 февруари.

Scroll to Top