Top Sport

Адебајор има нов клуб

Емануел Адебајор (35) кариерата ќе ја продолжи во Кајзери. За ветеранот ова ќе биде десеттиот клуб во неговата кариера.

Адебајор, поранешен репрезентативец на Того, во Кајзери пристигна од екипата на Басакшехир. Во изминатите две сезони тој во Турција постигна 24 гола.

Адебајор во кариерата играл за Кристал Палас, Тотенхем, Реал Мадрид, Манчестер сити, Арсенал, односно во Монако и Мец каде ј започнал професионалната кариера.

За репрезентацијата на Того има постигнато 32 гола.

Во Кајзери негов партнер во нападот ќе биде Нтепе кој во Тирција пристигна од Волфсбург, а соиграч ќе му биде и репрезентативецот на Украина Кравец.

Scroll to Top