Иван Ракитиќ ги живее најтешките денови во Барселона. Хрватот кој четири години беше незаменлив во почетниот состав, остана без своето место во тимот откако клубот инвестираше 75 милиони евра во Френки Де Јонг.
Ернесто Валверде нема да ги користи услугите на Иван Ракитиќ, иако во саботата против Гранада го одигра првиот меч во сезоната. Хрватот нема да биде во тимот за вечерашниот натпревар со Вилјареал, а тренерот понуди бизарно објаснување зошто е тоа така.
„Од технички причини, а не поради повреда, Иван нема да биде во тимот. Тој тренира добро, истото го прават и останатите играчи, ништо посебно не се случува. Едноставно имам многу фудбалери, не можам сите бидат во составот“, рекол Валверде.
Валверде на овој меч ќе го има на располагање Усман Дембеле, кој поради повреда не играше еден месец.
„Дембеле? Со него ќе имаме дополнителни опции во нападот. Никогаш не можеш да знаеш што можеш да добиеш од него. Премногу е талентиран“, заклучил Валверде.
Барселона вечерва од 21 часот, во рамките на шестото коло во Ла Лига, ќе го пречека Вилјареал.