Германскиот фудбалски стручњак Ралф рангник ќе биде новиот – привремен – тренер на Манчестер Јунајтед објави попладнево на Твитер новинарот на угледниот „Атлетик“ – Дејвид Орнстајн.
„Јунајтед постигнаа договор со Ралф Рангник и тој ќе биде привремен тренер. Потпиша договор на 6 месеци плус 2 години кои ќе ги одработи како советник во клубот. Се чека одобрување од Локомотив Москва, а Рангник нема да добие работна дозвола навреме за да може да ја води екипата веќе викендов против Челси“ напиша Орнстајн.
Рангник така до крајот на сезоната ќе го наследи Оле Гунар Солскјер кој минатата недела доби отказ по тешкиот пораз од Ватфорд со 4-1.
Ова лето Германецот стигна во Москва каде е генерален менаџер во Локомотив, а пред тоа беше клучен човек во проектот на Ред Бул – во Салцбург и во Лајпциг.
? EXCLUSIVE: Man Utd reach agreement with Ralf Rangnick to become interim manager. 6mnth contract then 2yr consultancy. Deal subject to Lokomotiv Moscow approval. Work permit process prevents 63yo leading #MUFC v Chelsea. W/ @lauriewhitwell @TheAthleticUK https://t.co/wjQyiRzfeE
— David Ornstein (@David_Ornstein) November 25, 2021