Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, закрепнал од повредата на носот, со која се здоби на натпреварот со Атлетико и поради која пропушти три натпревари.
„Тој носи заштитна маска, нормално тренира и ќе биде во тимот за натпреварот во Билбао“, рекол тренерот Зинедин Зидан.
Францускиот стратег најверојантно ќе може да смета и на десниот бек Дани Карвахал, додека во комбинација за натпреварот во Билбао нема да биде Герет Бејл. Велшанецот се врати во тимот во вторникот, играше 30 минути против Фуенлбрада во Купт на Кралот (2:2), но повторно почувствувал болка во мускулот.
„Не е ништо сериозно, но не сакаме да ризикуваме. Долго отсуствуваше и ова што се случува тешко го поднесува“, дополнил Зидан.
Реал вечерва од 20:45 ќе му гостува на Атлетик на „Сан Мамес“. Реал се наоѓа на четвртото место на табелата со 27 бода, осум помалку од Барселона, додека Атлетик е на 16.позиција на табелата.