Реал Мадрид ќе го одoбрат трансферот на Серхио Рамос само под услов во клубот да стигне понуда од 100 милиони евра
Шпанските медиуми деновиве пишуваа дека Рамос се сретнал со претседателот Флорентино Перез и побарал од него да му дозволи без обесштетување да го напушти клубот.
„Рамос и неговиот менаџер дојдоа кај мене и ми кажаа дека добиле одлична понуда од Кина. Меѓутоа според правилата на лигата, на тој клуб не му е дозволено да плати издвои пари за трансферот. Што требаше јас да кажам? Тоа е невозможно. Реал Мадрид не може својот капитен да го пушти да си оди без обесштетување. Каква порака тогаш ќе им испратиме на другите“, рекол Перез.
Според Шпанците покрај понудата од Кина, Рамос добил и понуда од клуб од Англија
Серхио Рамос е играч на Реал од 2005 година, кога во Мадрид пристигна од Севилја. За „кралскиот клуб“ има одиграно 606 натпревари, на кои постигнал 84 гола. Договорот на Рамос со Реал истекува во јуни 2021 година.