Реал Мадрид во саботата го освои првиот „трофеј“ во новата сезона, победувајќи ги Милан со 3:1 во „Трофео Бернабеу“ мечот во чест на нивниот легендарен претседател, но сепак, еден гест го одбележа финалето – потегот на Серхио Рамос кон својот идол Паоло Малдини.
Капитенот на Реал Мадрид, честопати зборуваше дека Малдини е неговиот пример за еден дефанзивец и во 2015 година изјави дека тоа е единствениот фудбалер за кој жали што не играл со него. Малдини, кој се врати во Милан за да стане еден од директорите во клубот, во 2017 година го врати комплиментот кон Рамос, велејќи дека Шпанецот е најдобриот дефанзивец на светот.
Sergio Ramos with the “I take my hat off to you” gesture to Maldini as he hands him the Trofeo Bernabeu
Ramos has always said that Paolo is his football idol [?: @AlvaroMonteroTV]pic.twitter.com/oJ2hInTiZC
— Milan Eye (@MilanEye) August 11, 2018