Top Sport

Рамос постави црвен рекорд

Серхио Рамос, еден од најтрофејните дефанзивци во историјата на фудбалот, синоќа влезе во „црната книга“ на рекорди.

Рамос не го заврши натпреварот со Сити, тој во 86 минута направи професионален фаул, го спречи Габриел Жесус да постигне гол.

Капитенот на Реал синоќа го одигра 124 натпревар во Лигата на шампионите и го доби четвртиот црвен картон со што се израмни со Златан Ибрахимовиќ и Едгар Давидс.

Инаку, Манчестер сити го победи Реал во Мадирд со 2:1. Осмина-финалниот реванш ќе се одигра на 17 март.

Scroll to Top