Top Sport

Сари: Играчите не ме разбираат, сѐ работат погрешно

Тренерот на Јувентус Маурицио Сари бил незадоволен од она што неговите играчи го прикажале синоќа во Лион. Олимпик забележа победа 1:0 над Јувентус во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Сари по мечот бил лут бидејќи „неговите играчи не ги разбирале основите на фудбалот, сѐ работеле спротивно“.

„Тешко е да се објасни зошто, но во првото полувреме бавно ја движевме топката. Во таква ситуација природно е противникот да не притисне и да постигне гол. Не бевме одлучни, не бевме агресивни кога напаѓавме“, рекол Сари и дополнил.

„Не знам зошто не можам да ги натерам играчите да разберат дека е важно брзо да се ослободуваат од топката. Ќе продолжиме да работиме, порано или подоцна овој концепт ќе им влезе во главите. Јас ќе продолжам да им зборувам. Вчера имавме тренинг, топката ја движевме два пати побрзо. Во последно време правиме спротивно од она што го тренираме.

Реваншот во Торино ќе се одигра на 17 март.

Scroll to Top