Серхио Рамос наредното лето планирал речиси да нема одмор. По завршувањето на клупската сезона, тој ќе игра за Шпанија на ЕУРО 2020, а потоа планирал да настапи и на Олимписките игри во Токио.
Капитенот на Реал сакал да биде еден од тројцата фудбалери, постари од 23 години кои ќе ја претставуват Шпанија на ОИ во Токио.
Прашање е дали Реал ќе му дозволат да игра во Токио, бидејќи во тимот би се вратил на две недели пред почетокот на новата сезона.
Инаку, Рамос не е единствениот од врвните фудбалери кој сака да настапи во Токио. Истата желба ја имал и Килијан Мбапе, тој сметал дека полесно ќе ја освои „Златната топка“ доколку освои златен медал во Токио.