Реал Мадрид во саботата со 3:1 го победи големиот градски ривал Атлетико Мадрид најавувајќи дека борбата за шпанската титула не е завршена, а капитенот Серхио Рамос својот гол од пенал го искористи за да се потсмева со стариот познаник Антоан Гризман.
Гризман и Рамос неколку пати се „закачија“ преку социјалните мрежи, а сега откако постигна гол од пенал, ветеранот на Реал реши да прославува во стилот на видео-играта „Фортнајт“, слично како што прави Гризман во многу прилики (неговиот славен „L-танц “ со раката на главата).
Сега, ја чекаме следната епизода во ова епско мадридско ривалство.
Sergio Ramos mocked Antoine Griezmann’s fortnite celebration after scoring a Penalty Kick???
Take the L ? pic.twitter.com/Rxy3snqi1n— the_chan_chan_man (@jazzy_gumbo) February 9, 2019
Рамос контра Гризман: Тој мисли дека е ист со Меси и Роналдо? Каква глупост!