Top Sport

Рамос се повреди пред Ел Класико

Фудбалерите на Реал Мадрид доживеаја сензационален пораз од Кадиз (0:1) и остнаа без својот капитен Серхио Рамос.

Рамос кој имаше сензационална интервенција во првиот дел, кога од гол-линијата ја исфрли топката во поле и спречи гол на Кадиз, на полувремето остана во соблекувалната.

Капитенот на Реал во еден дуел со Лозано доби силен удар во левото колено. Рамос поради силната болка не се појави на теренот во второто полувреме, а истото се случи и со стрелецот на единствениот гол Лозано.

Реал на 21 октомври ќе го пречека Шахтјор во Лигата на шампините, а три дена подоцна ќе гостува кај Барселона.

Прашање е дали Рамос ќе биде подготвен за овие два натпревари.

 

Scroll to Top