Реал Мадрид доживеа незгоден пораз на гостувањето во Андалузија, откако Севилја успеа да ги совлада со 3:2 на „Рамон Санчез Писхуан“.
Висам Бен Једер и Мигуел Лајун донесоа предност на тимот на Винченцо Монтела од 2:0 во првото полувреме, резултат од кој Реал не успеа да се „опорави“.
„Ѕвезда“ на Реал Мадрид во второто полувреме беше несреќниот капитен Серхио Рамос, кој прво утна пенал во 58. минута од мечот, кога беше можно да се направи кам-бек, за потоа во 84. минута од мечот да си постигне автогол за негатива од 3:0.
Но, тука не беше крајот! Прво Борха Мајорал во 87. минута постигна гол за намалување за 3:1, пред во 95. минута да биде досуден пенал, и Рамос повторно да застане на белата точка, и овојпат беше прецизен за вкупни 3:2.
Поразот не менува многу за Реал Мадрид – тие остануваат на третото место во Ла лига со 72 поени, три помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид, но и пет повеќе пред четвртопласираната Валенсија. Севилја се на седмото место со 54 поени.
Претходно, Барселона со фантастични 5:1 ги прегази Вилјареал, благодарение на двата гола на Усман Дембеле и по еден на Лео Меси, Паулињо и Луис Суарез.
Фото: ЕПА
СЕВИЛЈА-РЕАЛ МАДРИД 3:1
БАРСЕЛОНА-ВИЛЈАРЕАЛ 5:1