Top Sport

„Рамос згреши кога го напушти Реал“

Серхио Рамос згреши кога го напушти Реал Мадрид и замина во Пари Сен Жермен и тој го знае тоа, изјави поранешниот играч за врска на „кралскиот клуб“, Хозе Марија Гутиерез, попознат како Гути.

„Рамос знае дека направи грешка при преговорите со Реал за нов договор. Мислеше дека Флорентино Перез со оглед на кариерата и се што направил ќе му ги исполни сите желби. Сепак, тој не сфати дека претседателот на клубот е пред сите. Во принцип, кога ќе се достигнат одредени години, на таквите играчи во Реал договорите можат да им бидат продолжени на само една година. Серхио не го сакаше тоа. Тој е вистинска легенда на клубот и веројатно имал право така да се однесува, но Перез тоа не го сметал за правилно. Серхио можеше да ја заврши кариерата во Реал, но сепак не ја прифати таа понуда. За жал, замина од клубот преку задната врата“, додаде Гути за „Ел Чирингито“.

Дефанзивецот и долгогодишен капитен на Реал, минатата година го напушти клубот како слободен играч, бидејќи го посакуваше Пари Сен Жермен. Но, поради бројните повреди тој не сезонава настапи на само пет натпревари за „светците“. Тој има договор со ПСЖ до летото 2023 година.

Во дресот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има одиграно 469 натпревари и постигнато 72 гола во 16 сезони откако пристигна од Севиља во 2005 година.

Scroll to Top