Top Sport

Рангник има план за „трансформација“ на Милан

И покрај тоа што неговиот планиран трансфер предизвика хаос во Милан, со заминувањето на Звонимир Бобан и лутите коментари на Паоло Малдини, Ралф Рангник планира „револуција“ и целосна трансформација на „росонерите“ следната сезона кога ќе го преземе клубот, тврди германскиот весник „Билд“.

Нивниот новинар Кристијан Фалк тврди дека Рангник веќе учи италијански јазик и дека се поставени основните планови за иднината на клубот.

„Преговорите беа прекинати поради корона вирусот, но претходно контактите беа многу јасни и сега повторно се враќаат на првичниот план. Рангник го познава Иван Газидис долго време, така што преговорите беа искрени. Според моите информации, Рангник веќе ги објаснил своите идеи на клубот и следните недели ќе биде официјализирано. Тој сака да има целосно влијание во клубот што ја објаснува реакцијата на Паоло Малдини. Тој ќе биде одговорен за трансферите и за скаутите во тимот, а исто така е доволно запознат и со медицинските процедури за да ги предводи. Тој сака соработници кои му се верни и кои веруваат во неговата визија, така што со себе ќе ги донесе и Пол Мичел, Конецка, како и главниот скаут на Лајпциг, Лоренс Стјуарт, како и нов спортски психолог во тимот“, вели Фалк.

Scroll to Top