Новиот (преоден) менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник признава дека бил изненаден од 1:0 победата над Кристал палас, посебно од тоа како неговите играчи ги прифатиле неговите идеи, а посебно го истакна Кристијано Роналдо.
Германецот имаше само еден тренинг со тимот, кој беше прекинат поради дожд, во саботата, така што тешко дека им ги пренесе сите тактички совети на тимот, и беше пресреќен од реакцијата.
„Бев позитивно изненаден од физичката подготвеност и интензитетот. Првиот половина час беше неверојатен, екстремен во темпо, интензитет и секогаш напред. Единствено ни недостасуваа, гол, еден или два-три. Беше јасно дека не можеме да изддржиме цел меч така, но и потоа ја имавме контролата. Работата на Кристијано со топката? Капа долу. Бев изненаден бидејќи не само што игравме во четвртокот, туку немавме цел тренинг вчера, бидејќи по 45 минути прекинавме поради дождот. Не се работеше за обично манчестерско време, туку за ужасен дожд. Не очекував да играат на вакво ниво веднаш. Се работеше за држење на контрола и ја имавме во текот на целиот меч. Фред? Не знаев дека може да шутира со таа нога. Прекрасно“, изјави Рангник.