Top Sport

Рангник: Јас одлучувам, и Хери Мегваер е нашиот капитен

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник ги демантираше написите во британските медиуми дека Кристијано Роналдо побарал да го замени Хери Мегваер како капитен на клубот, велејќи дека нема да има промени.

„Дејли мирор“ вчера тврдеше дека Роналдо побарал од Рангник да го направи капитен, а дека Мегваер не сакал да го дозволи тоа. Мегваер во петокот го демантираше тоа на Твитер, а Рангник на прес-конференција зборуваше за наводниот „хаос“ во соблекувалната.

„На почеток, морам да кажам дека тоа се апсолутни глупости. Никогаш не сум зборувал со никој фудбалер за менувањето на капитенската лента. Хери го знае тоа, Кристијано го знае тоа, и сите играчи го знаат тоа. Тоа никогаш не било тема. Јас одлучувам кој ќе биде капитен, така што нема потреба да зборувам за било кого. Хери е наш капитен и ќе остане до крајот на сезоната и нема што да се додава“, изјави Рангник.

Тој додава дека во соблекувалната има поголема хармонија отколку пред јануарскиот преоден рок, кога им беше дозволено да заминат на позајмица на Антони Марсијал (Севилја) и Дони ван де Бек (Евертон).

„Можам да ви кажам од моето лично искуство последните 12 недели дека имаше фудбалери кои не беа задоволни пред крајот на преодниот рок, бидејќи не можеа да играат. Атмосферата е подобра во последните неколку недели“, додава Рангик.

Scroll to Top