Top Sport

Рангник: Манчестер јунајтед е атрактивен клуб и без Лига на шампиони

Преодниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник верува дека клубот е „атрактивен“ за најдобрите фудбалери на светот дури и без пласман во Лигата на шампионите пред летото на промени на „Олд Трафорд“.

Јунајтед се шест поени од топ 4 пласман во Премиерлигата на само четири меча пред крајот и потребно е чудо да се пласираат во елитното европско натпреварување. Новиот постојан менаџер Ерик Тен Хаг доби дозвола да направи „ремонт“ на тимот во текот на летото и Рангник вели дека плановите нема да бидат уништени без фудбал во ЛШ.

„Секако, би било подобро ако игравме Лига на шампиони следната сезона, но тоа не е проблем само на Манчестер јунајтед, туку на многу клубови. Тоа што Бруно Фернандеш го продолжи договорот покажува дека ние сме атрактивен клуб со нов менаџер и нов приод кон фудбалот. Ќе се обидам да му помогнам на Ерик и на сите во клубот да се смени приодот во новата сезона за Манчестер јунајтед пак да биде на врвот“, вели Рангник.

Scroll to Top