Top Sport

Русите тврдат дека УЕФА Суперкупот во 2023 останува во Казан

Министерот за спорт на руската република Татарстан, Владимир Леонов вели дека Казан се подготвува да биде домаќин на УЕФА Суперкупот во 2023 по шпекулациите дека УЕФА ќе продолжи со казнувањето на Русија со одземањето на организацијата на мечот меѓу победниците од Лигата на шампиони и Лига Европа.

Санкт Петерсбург претходно го загуби правото да биде организатор на финалето на Лигата на шампиони оваа сезона, откако УЕФА му ја додели организацијата на Париз, додека руската фудбалска репрезентација беше исфрлена од баражот за СП во Катар.

„УЕФА Суперкупот останува на календарот. Нема официјални, ниту неофицијални најави дека ќе ни биде одземена организацијата, така што се подготвуваме. Нема никакви компликации“, изјави Леонов.

Scroll to Top