Top Sport

Ванда Нара: Икарди замина од Интер поради лагите за мојата афера со Брозовиќ

Мауро Икарди бил „приморан“ да си замине од Интер поради лажните вести дека неговата сопруга имала врска со соиграчот Марцело Брозовиќ, тврди Ванда Нара во тужба против еден италијански новинар, Фабрицио Корона.

Инцидентот се случил во февруари 2019, кога Корона, познат како специјалист за „шпекулации“ на својот веб-сајт објавил вест за аферата на Нара со Брозовиќ, заедно со аудио-снимка на двојката, нешто што подоцна се покажа како невистина.

„Никогаш немав врска со Марцело Брозовиќ. Ние сме традиционално семејство и таа приказна направи проблеми, во фамилијата и надвор од неа. Моите деца одеа во училиште и ги малтретираа, имаше проблеми за мене и мојот сопруг, бидејќи сум му агент. Ништо во таа приказна не е вистина. Приказната донесе до проблеми и Мауро мораше да го смени клубот, бидејќи од Интер му ја отежнаа ситуацијата. Му кажаа дека мора да си замине, да го смени агентот, му ја одземаа капитенската лента и тоа не поради фудбалот“, сведочела Нара на парницата против Корона.

Икарди беше продаден на Пари Сен-Жермен во 2019. Ова е само последна епизода во „сапуницата“ во привтниот живот на Икарди – тој почна врска со Нара кога таа беше омажена за неговиот тогашен соиграч од Сампдорија, Макси Лопез. Минатата година пак, двојката беше на насловните страници по јавниот раскин на врската поради наводното неверство на Икарди, но потоа дојде и ново помирување, секако пропратено со постови на социјалните мрежи.

Брозовиќ против „фејк њуз“ за аферата со Ванда Нара! (галерија)

Scroll to Top