Top Sport

Рангник: Манчестер Јунајтед се уште има шанси за ЛШ

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, го коментираше ремито 1:1 против Лестер. „Црвените ѓаволи“ уште еднаш разочараа и ги намалија шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

„Ако го анализираме целиот натпревар, ремито е фер резултат. Се обидовме да стигнеме до победата во последната четвртина од мечот и имавме 2-3 ситуации, но истото може да се каже и за нашиот противник. Мислам дека Мегваер одигра добро. Решив да го ставам на десната страна бидејќи видов како се справува на оваа позиција во репрезентацијата на Англија. Задоволен сум од неговиот настап“, изјави Рангник.

Тој смета дека клубот од „Олд Трафорд“ се уште е во трка за четвртото место кое води во елитното европско клупско натпреварување.

„Ќе се обидеме да победиме на што повеќе натпревари до крајот на сезоната. Рангирањето во топ 4 е сè уште математички возможно. Секако, ситуацијата стана посложена по овие два загубени бода, но мора да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин“, истакна германскиот стратег.

Scroll to Top