Бордот на директори на Манчестер Јунајтед во јануари одбил да ги ангажира Ерлинг Халанд, Луис Дијаз и уште четворица играчи. Ова го откри поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Ралф Рангник.
Потоа двајцата се преселија во Манчестер Сити, односно во Ливерпул и веднаш станаа главни играчи на двата тима.
Рангник беше назначен за привремен менаџер на Манчестер Јунајтед во ноември кога го наследи Оле Гунар Солскјаер. По заминувањето на Антони Марсијал и казната на Мејсон Гринвуд, германскиот стратег побарал да биде доведен нов напаѓач.
На списокот на Рангник се нашле играчи како Ерлинг Халанд, Луис Дијаз, Кристофер Нкунку, Душан Влаховиќ и Алваро Мората. Сепак, Рангник бил категорично одбиен од раководството на клубот под изговор дека нема да се носат нови играчи во зимскиот преоден рок.