Top Sport

Рангник: За дел од фудбалерите како да почна летниот одмор

Преодниот менаџер на Мaнчестер јунајтед, Ралф Рангник се извини на навивачите за „засрамувачкиот“ 4:0 пораз од Брајтон во саботата, со што математички ги загуби шансите за пласман во ЛШ и не можат да завршат повисоко од шестото место оваа сезона.

„Можеме само да се извиниме за ваков меч и за засрамувачкиот пораз. Не се работи за индивидуален квалитет. Го покажавме тоа во други мечеви, како когаа ги победивме Тотенхем и Вест хем. Се работи за проблем со енергијата и одбраната како тим. Мораме да покажеме поинакво лице на последниот меч со Кристал палас, бидејќи ни се потребни поени да се квалификуваме за Лига Европа. Изгледавме како да сме на летен одмор“, изјави Рангник.

„Ѓаволите“ имат три порази во последните пет меча во Премиерлигата со дури 12 примени голови. Оваа сезона тие имаат примено 56 голови, најмногу во ерата на Премиерлигата.

Scroll to Top