Клаудио Раниери ги предупреди фудбалерите на Сампдорија дека е можно да изборат опстанок во лигата само ако се „мажи кои сакаат да се соочат со своите проблеми“.
Сампдорија нема победа под Раниери – почнаа со реми со Рома, пред да загубат со 2:1 од Болоња и да останат на последното место во Серија А пред дуелот со Лече во среда.
„Лече се добар тим кој двапати едноподруго успеа да избори влез во повисока лига и никогаш не се предаваат и мораме да го дадеме нашиот максимум. Не, не се работи за одлучувачки меч, но важно е да освоиме три поени и да го кренеме моралот. Очекувам реакција од моите фудбалери – мораат да ја направат играта функционална. Нема песимизам, мора да останеме смирен и позитивни. Секој има проблеми во својот живот, но ако дозволиш да те ’скршат’ тогаш не си маж. Само мажите кои сакаат да се соочат со своите проблеми можат да ги надминат“, вели Раниери.