Top Sport

Раниери: Италија не смее да ја потцени Македонија

Искусниот италијански стратег Клаудио Раниери одлучи да им додели бесплатен совет на Роберто Манчини и на фудбалерите. Тој вели дека Италија во никој случај не смее да ја потцени Македонија.

„Се работи за еден натпревар. Италија не смее во никој случај да мисли на финалето и да ја потцени Македонија. Во таков случај, постои ризик натпреварот да отиде во непосакуван правец“, изјави Раниери.

Италија е актуелен европски првак, но не успеа директно да избори пласман на Светското првенство во Катар. Победникот од мечот Италија – Македонија во вториот филтер од баражот ќе игра против подобриод од дуелот Португалија – Турција.

Scroll to Top