Top Sport

Раниери со емотивна посета на Лестер (видео)

Поранешниот менаџер на Лестер сити, Клаудио Раниери имаше емотивна посета на „Кинг пауер„ стадионот во четвртокот за да оддаде почит на Вичаи Шриваданапраба, претседателот и сопственикот на клубот кој загина во хеликоптерска несреќа во неделата.

Раниери, заедно со Вичаи „архитектот“ на спектакуларната сезона 2015/16, кога Лестер и покрај 5000-1 шансите кои им ги даваа на обложувалниците ја освоија титулата од Премиер лигата, се врати на местото на својот најголем триумф, за молитва пред стадионот, каде што има поставено илјадници цвеќиња, шалови, навивачки реквизити.

Раниери беше во придружба на синот на Вичаи, Ајават, кој сега ќе ја преземе главната улога во клубот. Лестер ќе се вратат на фудбалот овој викенд против Кардиф сити.

Раниери во шок по смртта на Вичаи: Ова е трагедија, уште сум потресен

Scroll to Top