Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се појави во спотот на британскиот рапер Стормзи наречен „Mel Made Me Do It“. Целото видео на раперот трае 10 минути, но Жозе го украде шоуто со своите триесет секунди.
Португалецот е во кадар додека во позадина се слуша неговата позната реченица – „Mel Made Me Do It“, односно „Преферирам да не зборувам, ако зборувам сум во голема неволја“.
Тој ја изговори оваа сега позната фраза по поразот на Челзи од Астон Вила. Клубот од Бирмингем победи со 1:0, а црвени картони добија Вилијан, Рамиреш и Мурињо. На Челзи му беше поништен еден гол, а јасно е зошто „Специјалниот“ тогаш му се налутил на судијата.
? Nooooo way. Big Jose Mourinho in the cut!
? Stormzy is back in full effect after a long hiatus in "Mel Made Me Do It" video
➡️ https://t.co/WbWn4FPmD0 pic.twitter.com/V6y61M0jts
— GRM Daily (@GRMDAILY) September 22, 2022