Маркус Рашфорд ги живее своите најдобри денови во дресот на Манчестер јунајтед под Оле Гунар Солксјер, но талентот на англискиот репрезентативец бил јасен многу порано, откако на Интернет стана хит едно видео со неговите потези како јуниор.
На само 21 година, Рашфорд има над 100 настапи во Премиер лигата и тоа беше стрелец во првиот и во стотиот – во првиот постигна два гола против Арсенал, а во 100-тиот во неделата попладне беше стрелец на победничкиот гол против Лестер.
Тој сега има шест гола во 10 натпревари откако Солксјер стана тренер, откако имаше само четири гола во 20 натпревари под Жозе Мурињо оваа сезона. Дури и самиот Солксјер му порача дека ако продолжи со растот може да го достигне нивото на легенди на клубот како Кристијано Роналдо и Вејн Руни.
Doing it for @ManUtd since 2014 @MarcusRashford ? #mufc #rashford #LEIMUN pic.twitter.com/xx9t9my6Ef
— SuperCupNI ⚽️? (@SuperCupNI) February 3, 2019