Маркус Рашфорд ќе ги одбие понудите на сите клубови, вклучувајќи го и Реал Мадрид, за да остане на „Олд Трафорд“, сметајќи дека тоа е најдобрата опција за него.
Според „Сан“, претставници на Реал Мадрид уште во ноември најавиле дека се подготвени во текот на летниот преоден рок да го донесат англискиот напаѓач, кој иако не сакал да замине од Манчестер, не бил задоволен од минутите кои ги добиваше од Жозе Мурињо.
Но, сега, тоа е смени со новиот тренер Оле Гунар Солскјер како тренер и 21-годишното момче кое дојде од академијата на Јунајтед постигна два гола во последните три меча и не планира да си оди од својот клуб.
Фото: ЕПА