Top Sport

Далас никако да победат на гости, Селтик немоќни во Сан Антонио (видео)

Расел Вестбрук имаше 32 поени, 11 скока и 11 асистенции за Оклахома сити тандер да стигне до „одмазничка“ 122:102 победа над Далас маверикс, на кои не им помогнаа ниту 17-те поени на супер-рукито Лука Дончиќ.

Пол Џорџ додаде 22 поени, а Грент имаше 16 за Тандер да се одмаздат за 105:103 поразот во Далас во неделата, кога пропуштија предност од шест поени во последната четвртина.

Далас не водеше во ниту еден момент, за да го комплетираат својот мизерен учинок на гости оваа сезона (2-16 во споредба со 15-3 на домашен терен). Херисон Барнс ги предводеше Маверикс со 25 поени со дури седум тројки од девет обиди, а Лука Дончиќ имаше 17 поени.

Дерик Вајт и Ламаркус Олдриџ имаа комбинирани 21 поени во третата четвртина за Сан Антонио спарс со 120:111 да ги победат Бостон селтик. Спарси губеа со 12 поени во првото полувреме, пред да се соземат и да стигнат до седма последователна победа дома против Бостон.

Олдриџ заврши со 32 поени и 9 скока, додека Џејлин Браун имаше 30 поени од клупата за Бостон, кои немаат победа во Сан Антонио од март 2011 година.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Оклахома сити – Далас 122:102

Сан Антонио – Бостон 120:111

Голден стејт – Феникс 132:109

Хјустон – Мемфис 113:101

Индијана – Атланта 116:108

Њу Орлеанс – Минесота 123:114

Шарлот – Орландо 125:100

Scroll to Top