Маркус Рашфорд, херојот на Манчестер јунајтед во победата над Вулверхемптон, по натпреварот на новинарите им открил зошто започнал од клупата за резерви. Пред мечот, менаџерот Ерик тен Хаг, откри дека Рашфорд ја прекршил клупската дисциплина, поради што решил да го испрати на клупата за резерви.
Рашфорд, на „Молинју“, играше во второто полувреме и со неговиот гол во 76.минута, Јунајтед ги освои бодовите.
По натпреварот Рашфорд објасни што се случило и ја призна грешката. Се успал и го пропуштил тимскиот состанок пред натпреварот.
„Такви се клупските правила. Грешки се случуваат. Разочаран сум што не го започнав натпреварот, но ја разбирам одлуката на менаџерот. Среќен сум што успеавме да дојдеме до победа на крајот. Доцнев на состанокот, се успав“, изјави Рашфорд.