Манчестер јунајтед успеа да слави победа над Вест Хем. Стрелец на единствениот гол беше Маркус Рашфорд, буквално во последните секунди од натпреварот.
„Црвените ѓаволи“, уште еднаш одиграа неинтерес натпревар и покрај тоа што повеќе ја контролираа топката. Упатија само три удари во рамките на голот, а најдобрата шанса ја имаше Фред во 5о.минута, кога неговиот удар го одбрани Алфонс Ареола.
Покрај Манчестер јунајтед, минимална победа запишаа и фудбалерите на Њукасл. „Страчките“ славеа во Лидс со 1:0. Голот со кој Њукасл дојдоа до втората победа во сезоната го постигна Шелви во 75.минута.