Јувентус, синоќа победија на Сардинија кај Калјари 2:0, а натпреварот го обележаа расистичките испади на домашните навивачи. Мета на присталиците на Калјари бил стрелецот на вториот гол, тинејџерот Моизе Кен.
Напаѓачот на Јувентус постигна гол во 85 минути, а бидејќи претходно навивачите го вреѓале тој прославил такашто со раширени раце застанал пред нивната трибина.
„Не требаше на тој начин да го прослави голот. Тој е млад играч и мра да учи. Од друга страна ова не требе да се случува на еден фудбалски натпревар“, рекол тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
„Голот го прославуваш со соиграчите, требаше да слави на поинаков начин. Мислам дека вината е 50-50. Можеби не требаше тоа да го направи пред навивачите на Калјари, а тие пак не смееја да реагираат на тој начин“, рекол Леонардо Бонучи.
По мечот, Кен, на својот профил на „Инстаграм“ испратил јасна порака против расизмот.
Инаку, по голот на Кен, на теренот имаше пауза од три минути, а официјалниот спикер апелирал до навивачите да прекинат со навредите. Според правилата што владеат во Серија А, првиот од трите чекори во случај на расизам е пауза од три минути.
Првиот човек на Калјари, Томазо Џилини, за расиситичките навреди го обвинил играчот на Јувентус. Според него неговата прослава на голот ја испровоцирало реакцијата на фановите.