Српскиот стратег Ратко Павличевиќ ќе биде нов селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија. Одбојкарската федерација постигна договор со искусниот 56-годишниот Павличевиќ, кој утре во Маврово ќе ја има и првата прозивка на одбојкарите во пресрет на почетокот на подготовките за настап на две силни натпреварувања ова лето.
Павличевиќ доаѓа како наследник на Душко Николиќ кој по заминувањето од Македонија седна на клупата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Македонските одбојкари под раководство на Ратко Павличевиќ во Маврово треба да ја реализираат главната фаза од подготовките за настапите во Сребрена Европска лига на ЦЕВ. Националниот тим летово ќе настапи и на Медитеранските Игри во Алжир.