Хрватската поп-дива, Нивес Целзиус, повторно ја покажа својата љубов кон хрватската фудбалска репрезентација пред вечерашниот одлучувачки дуел со Шкотска, објавувајќи разголена фотографија во бикини.
Хрватите, иако актуелни светски вице-шампиони не успеаја да импресионираат во досегашниот тек на ЕП, губејќи од Англија со 1:0 и одигрувајќи 1:1 со Чешка, така што вечерва мораат да одат на победа ако сакаат осминафинале.
Целзиус и во минатото ја поддржуваше Хрватска, почнувајќи од СП во Бразил во 2014 кога напиша и песна за својата репрезентација, а општо е и љубител на фудбалот, има песна за Серхио Рамос. Таа исто така беше во брак со поранешниот хрватски фудбалер Дино Дрпиќ со кого има две деца.
View this post on Instagram