Top Sport

„Разговарав со Конте, сакам да играм во Интер“

Во јануари на Оливие Жиру му пропадна трансферот во Интер, напаѓачот се надева дека ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ во летниот преоден рок. Пред неколку месеци трансферот на Жиру пропадна бидејќи Челси не успеаја да донесат замена за Жиру.

„Надежта не ме напушташе до полноќ на 31 јануари требаше да одам во Интер или Лацио. Нивните претставници беа во Лондон разговараа со мојот менаџер. Сепак на крајот морав да останам во Челси. Клубот ми дозволи да заминам но само доколку најде адекватна замена“, рекол Жиру.

Францускиот репрезентативец се надева дека во летниот преоден рок ќе замине од Челси и дека ќе се пресели во Интер.

„Мене најинтересен ми е проектот на Интер, би сакал да играм таму. Разговарав со тренерот Антонио Конте кој ме тренираше во Челси“, заклучил поранешниот играч на Монпелје и Арсенал.

Scroll to Top