Top Sport

Олимпијадата е одложена – кој ќе ги покрие трошоците?

Првиот човек на Организациониот одбор на Олимписките игри во Токио Јоширо Моро рекол дека нема да им биде лесно на меѓународните федерации да откријат кој ќе ги подмири трошоците поради одложувањето на најголемиот спортски настан за наредната година.

Интернационалниот олимписки комитет и јапонската влада на почетокот на неделата постигна договор Игрите да бидат одложени за наредната година поради пандемијата на коронавирусот.

Јапонија досега инвестирала 12 милијарди долари во организацијата на Олимписките игри, а првиот човек на ИОК Томас Бах рекол дека сумата ќе се зголеми.

„Дополнителните трошоци што ќе произлезат од одложувањето се неизбежни“, напишал Мори во писмото што го испратил на 33 меѓународни спортски организации што се наоѓаат во олимписката програма.

„Одлуката околу тоа кој ќе ги покрие трошоците и како тоа ќе биде направено ќе претставува вистински предизвик“.

Мори, исто така го повикал сите наредната година на Олимписките и Параолимписките игри да покажат дека човечката раса победила во борбата со коронавирусот.

Scroll to Top