Top Sport

Разликата на храната за новинарите кај Јунајтед и Сити

Новинарот на „БТ спортс“, Џејк Хамфрис објави интересна споредба на храната која ја добил од Манчестер јунајтед за денешниот меч против Саутемптон и таа која обично ја добива кај соседите на „Етихад“ кога игра Манчестер сити.

„Кајгана и пире. Вау. Благодарам за ручекот Манчестер јунјајтед“, напиша Хамфрис на Твитер со пакетот со скромниот ручек кој го дава Јунајтед на „Олд Трафорд“.

По ова тој покажа што добива кај Манчестер сити: „П.С. Како го прават тоа вашите соседи“.

Малку подоцна, очигледно „боцнати“ од објавата, тие му донесоа втор ручек на Хамфрис, кој додаде: „Многу подобро, благодарам!“.

Ова е втор проблем со храната на „Олд Трафорд“ во последно време, откако поради „технички проблеми“, никој од 75-те илјади фанови не можеа да добијат никаква храна за мечот од ФА купот со Милдлзборо.

 

Scroll to Top