Top Sport

РБ Лајпциг-Ливерпул ќе се одигра во Будимпешта

Мечот на РБ Лајпциг од осминафиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул на 16 февруари нема да биде откажан и ќе се одигра во Будимпешта поради тоа што Германија ги ограничи пристигнувањата од Велика Британија поради пандемијата на КОВИД-19.

Германската влада ограничи пристигнување од Британија до 17 февруари по појавувањето на новиот сој на вирусот, и правилата на УЕФА беа јасни – Лајпциг ќе загубеше со 0:3 службено доколку мечот не се организираше.

Сега УЕФА потврди дека во соработка со двата клуба и со Унгарската фудбалска федерација, мечот ќе се одигра на „Пушкаш арената“ на истиот датум и во истиот термин.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');