Реал Мадрид во градското „дерби“, го совлада третолигашот Фуенлабрада со 0:2 со два гола од пенал, на стадионот кој го носи името на Фернандо Торес, напаѓачот на вистинскиот градски ривал, Атлетико Мадрид.
Марко Асенсио во 63. минута погоди од белата точка, пред Лукас Васкез во 80. минута да го потврди триумфот во првиот меч од 1/16 финалето на Кралскиот куп против тимот кој настапува во Сегунда Б дивизијата, и за кого ова лето потпиша младиот македонски дефанзивец Дин Аломеровиќ, кој не беше во составот.
Затоа, Енис Барди одигра цел меч за Леванте, и тимот од Валенсија стигна до 2:0 победа на гостувањето кај Џирона. Лас Палмас изненадувачки се „прошета“ во Галиција со 4:1 победа на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња, а Реал Сосиедад, со кого Вардар се среќава следната недела, си замина со иминална 1:0 победа на гостувањето кај Леида
КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/16 ФИНАЛЕ, 1. НАТПРЕВАР
Леида – Реал Сосиедад 0:1
Депортиво Ла Коруња – Лас Палмас 1:4
Џирона – Леванте 0:2
Фуенлабрада – Реал Мадрид 0:2