Top Sport

Реал го доби дербито со Валенсија (видео)

Реал Мадрид се врати на победите во Ла лига, откако во дербито на 14. коло, со 2:0 ја победи Валенсија на „Сантијаго Бернабеу“, иако добро се испоти да дојде до резултатот.

Тимот на Сантијаго Солари дојде во водство уште во осмата минута од мечот, кога Даниел Вас си постигна несреќен автогол по една опасна акција на Реал. За потврда на триумфот се чекаше долго, дури до 83. минута, кога по еден брз контранапад на Реал се направи мешаница во шестнаесетникот, а Бензема го пронајде Лукас, кој без проблеми ја смести топката во мрежата.

Со оваа победа, Реал се искачува на петтото место на табелата со 23 поени, исто како четвртопласираниот Алавес и три поени зад лидерот Барселона со натпревар повеќе. Валенсија е само 13. со 17 освоени поени.

ЛА ЛИГА, 14.КОЛО

Валјадолид – Леганес 2:4

Хетафе – Еспањол 3:0

Реал Мадрид – Валенсија 2:0

Фото: ЕПА

Scroll to Top