Top Sport

Заврши СП за Лука Циндриќ

Хрватската ракометна репрезентација по сензационалниот пораз од Бразил (26:29) доживеа уште еден шок. Хрватите до крајот на Светското првенство останаа без еден од своите најдобри играчи Лука Циндриќ.

Ракометниот сојуз на Хрвстска веста ја објави утринава. Инаку, Хрваска се подготвува за вечерашниот натпревар против Германија, кој мора да го добијат доколку сакаат да останат во игра за пласман во полу-финалето.

Циндирќ имал проблем со повредата од почетокот на турнирот, поради што и не играше во првата фаза против Јапонија и Македонија. Синоќа притив Бразил го одигра само првото полувреме.

На местото на Циндриќ, селекторот на Хрватска Лино Червар го пријави пикерот на Целје, Кристијан Беќири.

Scroll to Top