Реал Мадрид и официјално го потврдија пристигнувањето на 18-годишниот Бразилец Реиниер, кому веднаш му е доделен прекарот „Новиот Кака“, за 35 милиони евра од бразилскиот и јужноамериканскиот шампион Фламенго.
Тинејџерот потпишал долгорочен договор до 2026 година и на почетокот ќе се приклучи на „вториот“ тим на Реал, Кастилја. Тој е третиот млад Бразилец кој пристигнува на „Бернабеу“ по Винисиус Жуниор и Родриго – за триото тие платија 125 милиони евра. Ова е нова тактика на претседателот Флорентино Перез да се носат фудбалерите додека се тинејџери и додека сумата не станува астрономска.
Првично се проценуваше дека Реал ќе треба да плати 70 милиони евра за тинејџерот, но на крајот договорот е склучен за половина цена.
Во 14 настапи во бразилската лига, со само осум старта, Реиниер постигна шест гола и додаде две асистенции. Тој ги освои бразилската титула и Копа Либертадорес со Фламенго, пред да загубат од Ливерпул во продолженијата во финалето на Светското клупско првенство.
⚽?? El juego de Reinier, nuestra nueva incorporación… #WelcomeReinier | #HalaMadrid pic.twitter.com/TW8sxRADLp
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) January 20, 2020