Top Sport

Реал го купија тинејџерот Ендрик за 60 милиони евра!

Реал Мадрид, конечно, ги потврдија шпекулациите и го објавија трансферот на бразилскиот талент, Ендрик од Палмеирас за фантастични 60 милиони евра. Според шпанските медиуми, Реал ја платиле откупната клаузула од 60 милиони евра – 35 милиони евра веднаш и дополнителни 25 милони евра како бонуси. Тие исто така ќе мора да платат дополнителни 12 милиони даноци за договорот.

Ендрик е остане во Палмеирас додека не наполни 18 години во јули 2024 година, а првично неговиот договор трае до 2027 со опција да биде продолжен до 2030 година.

„Реал Маадрид, Сосиедаде Еспортива Палмеирас, Ендрик и неговото семејство се согласија за трансфер на фудбалерот во Реал Марид кога ќе наполни 18 гоини во јули 2024 година. Дотогаш тој ќе продолжи да тренира со С.Е. Палмеирас, а наскоро ќе пристигне во Мадрид во посета на клубот“, се вели во објавата на Реал Мадрид.

16-годишниот Ендрик има само седум лигашки меча во сениорска конкуренција за Палмеирас, но претходно во пет години јуниорски фудбал има постигнато 165 гола во 169 меча.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');