Top Sport

Реал го обновиле интересот за СМС

Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) повторно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“, покажуваше сериозен интерес за овој фудбалер и во 2018 година, но се откажаа од трансферот поради бледите партии што СМС ги пружи на Светското првенство во Русија.

Шпанските медиуми тврдат дека тренерот Зинедин Зидан, го означил српскиот репрезентативец, како главна мета во јануарскиот преоден рок. Зидан сакал да ја засили конкуренцијата во редот за врска.

СМС има договор со Лацио до 30.јуни 2024 година, што значи дека Реал ќе треба да издвојат значителна сума на пари.

Се шпекулира дека Лацио за СМС бара најмалку 70 милиони евра.

Scroll to Top