Top Sport

Ѓорѓевиќ повеќе не е тренер на Виртус

Виртус Болоња му врачија отказ на тренерот Александар Саша Ѓорѓевиќ. Заедно со поранешниот селектор на српската репрезентација, откази добиле и неговите помошници, Горан Бједов и Младен Михајловиќ.

Ѓорѓевиќ доби отказ ден по поразот од Сасари (78:83), на домашен терен од Сасари. На овој меч тренерот на Виртус беше исклучен во првата четвртина.

За Виртус ова беше четвртиот пораз на домашен терен во италијанскиот шампионат. За разлика од домашното првенство, Виртус, во Еврокупот, има максимални седум победи.

До именувањето на новиот тренер, Виртус ќе ги предводи Кристијан Федриго.

Scroll to Top