Top Sport

Реал го официјализираше трансферот на Хоселу

Искусниот 33. годишен фудбалер Хоселу следната сезона ќе игра за Реал како позајмен играч од Еспањол, потврди клубот од Мадрид на својата официјална веб-страница.

Хоселу, кој е роден во германскиот град Штутгарт во 1990 година, во Реал треба да го замени Карим Бензема кој неодамна се пресели во Ал Итихад.

Претседателот на клубот Флорентино Перез потврди дека тоа ќе биде последното засилување во летниот преоден рок за Реал.

Хоселу е искусен напаѓач кој пред 12 години играше за Реал Мадрид, односно неговиот втор тим Кастиља. За првиот тим има одиграно еден натпревар во сезоната 2011/2012.

Потоа смени многу клубови, играше за Хофенхајм, Ајнтрахт Франкфурт, Хановер, Стоук Сити, Депортиво, Њукасл, Алавес, пред минатото лето да пристигне во Еспањол.

Хоселу во неделата навечер ја освои Лигата на нации со репрезентацијата на Шпанија, а во полуфиналето на тоа натпреварување го постигна решавачкиот гол за победа од 2:1 против Италија во 89. минута.

Scroll to Top