Top Sport

Реал го отпишале Марко Асенсио

Реал Мадрид се уште не му понудиле нов договор на Марко Асенсио. Играчот кој постигна гол, минатиот викенд против Еспањол, наредната сезона веројатно ќе игра за друг клуб.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, нема многу доверба во Асенсио, кој пак не кри дека е незадоволен од малата минутажа. Најчесто игра кога Анчелоти сака да ги одмори главните играчи во тимот.

Договорот на Асенсио истекува наредното лето, тој сака да остане но само доколку клубот му ја зголеми платата. Во овој момент Флорентино Перез нема намера да го направи тоа.

„Мундо Депортиво“, пишува дека Реал им го понудил Асенсио, со цел да заработи од неговиот трансфер. Како што пишува порталот „90мин“, Баерн, Јувентус, ПСЖ и Марсеј се клубовите на кои Реал им го понудил крилниот напаѓач. Овој извор потенцира дека за Асенсио се заинтересирани и големите ривали на Реал Барселона и Атлетико, како и англиските клубови Арсенал, Манчестер сити и Челси.

Марко Асенсио сезонава настапи на 31 натпревар и постигна седум гола и запиша пет асистенции.

Scroll to Top