Top Sport

Џајиќ нов претседател на ФСС

По речиси точно две години Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) доби претседател. Драган Џајиќ, легендарниот ас, ја доби довербата да го предводи ФСС. Џајиќ на денешното Собрание на ФСС беше единствен кандидат, откако вчера кандидатурата ја повлече Немања Видиќ.

ФСС од 22.март минатата година немаше претседател, откако Славиша Кокеза поднесе оставка. До денес вршител на должноста беше Ненад Бјековиќ.

За Џајиќ гласаа 78 од 84. присутни делегати.

На Собранието не присутвуваше Видиќ, како и делегатите кои имале намера да гласаат за него.

Scroll to Top