Top Sport

Реал го продава Бејл

Менаџерот на Герет Бејл, во неколку свои изјави потенцираше дека неговиот клиент до крајот на договорот ќе остане во Реал, меѓутоа реалноста е поинаква. Клубот го известил фудбалерот дека не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан за наредната сезона.

Герет Бејле е еден од фудбалерите што ќе бидат ставени на трансфер листата, а клубот ќе му овозможи на фудбалерот самиот да реши каде ќе ја продолжи кариерата.

Наводно интерес за Бејл покажале Манчестер Јунајтед и Баерн Минехен, но барем засега тие не испратиле конкретна понуда. Проблем може да биде обесштетувањето, Реал, според шпанските медиуми ќе бараат околу 100 милиони евра.

Велшанецот шест години е играч на Реал, одиграл 227 натпревари, на кои забележал 102 гола и 63 асистенции. Во тековната сезона неговиот учинок е 38 натпревари, 14 гола и пет асистенции.

Scroll to Top